Политика за приватност
Накратко: Боцко не собира, не чува и не споделува лични податоци — ниту за детето, ниту за родителот. Апликацијата нема кориснички сметки, нема реклами, нема аналитика од трети страни, не користи микрофон, камера или локација, и работи целосно на уредот.
1. Кој е одговорен
Апликацијата ја развива и објавува Дарко Јовановски, Скопје, Северна Македонија. Контакт: [email protected].
2. Податоци што апликацијата ги чува — само на уредот
За да функционира, Боцко чува на самиот уред: напредок во игрите (точни обиди по вештина и освоени ѕвезди), распоредот на Дворот и цртежите од боењето, изгледот на Боцко составен во Работилницата, и поставките што ги избира родителот (возрасен опсег во месеци, јазик, звук, музика, намалени анимации). Овие податоци не содржат име, слика, глас или било каква информација што го идентификува детето, и никогаш не го напуштаат уредот. Бришењето на апликацијата ги брише.
3. Што апликацијата НЕ прави
- Не бара и не создава кориснички сметки.
- Не прикажува реклами и не содржи рекламни SDK-а.
- Не користи аналитика од трети страни и не следи однесување.
- Не пристапува до микрофон, камера, контакти или локација.
- Не ги чита вашите слики. Може само да додаде слика во галеријата, и тоа само кога возрасен ќе избере да го зачува Дворот.
- Android верзијата нема дозвола за интернет — технички не може да испрати ништо никаде. Единствената дозвола што ја бара е вибрација.
- Не содржи линкови кон надворешни страници или социјални мрежи во делот за деца.
4. Купувања во апликацијата
Апликацијата има купувања во апликацијата: месечна и годишна претплата и еднократно откучување. Откучувањето се врши исклучиво преку Apple App Store или Google Play, зад „врата за возрасни“. Плаќањето го обработуваат Apple или Google според нивните политики за приватност; Боцко не гледа и не чува податоци за платежни картички. Апликацијата од продавницата добива само потврда дали содржината е откучена.
5. Деца
Боцко е наменет за деца од 3 до 6 години и е дизајниран според правилата на Apple за категоријата „Kids“ и Google Play „Families“, како и во дух на COPPA (САД) и GDPR-K (ЕУ). Бидејќи не се собираат никакви податоци, не е потребна родителска согласност за обработка на податоци. Сите поставки и купувања се зад врата што бара возрасен.
6. Веб-страницата bocko.app
Ако оставите е-пошта на листата за известување, ја чуваме само за да ви испратиме едно известување кога апликацијата ќе излезе, и ја бришеме на ваше барање ([email protected]). Страницата не користи колачиња за следење ни аналитика од трети страни. Хостирана е на Cloudflare, кој може да обработува технички податоци (IP адреса) заради безбедност, според неговата политика за приватност.
7. Промени и контакт
Ако некогаш додадеме функција што бара податоци (на пример, родителски сметки за синхронизација), оваа политика ќе биде ажурирана пред тоа, а функцијата ќе биде изборна и со експлицитна родителска согласност. Прашања: [email protected].