Поддршка
Напишете ни уред (iPhone/iPad/Android), верзија на апликацијата (Родители → За апликацијата) и што точно се случило. Скриншот помага.
Чести прашања
Го купив откучувањето, но содржината е заклучена
Родители → Врати купување (Restore). Мора да сте најавени со истата Apple ID / Google сметка со која сте купиле. Ако и потоа не работи, пишете ни со датумот на купувањето.
Нема звук
Проверете го прекинувачот за тивок режим на iPhone/iPad (страничното копче) и јачината на медиуми на Android. Боцко зборува само преку звучникот на уредот — нема потреба од интернет.
Како да ги избришам податоците?
Сите податоци (напредок, ѕвезди, поставки) се само на уредот. Родители → Ресетирај напредок ги брише, а бришењето на апликацијата ги брише сите. Ние немаме копија.
Како да го отворам делот за родители?
Копче „За родители“ горе десно, па решете ја задачата за возрасни (собирање). Детето не може да помине случајно.
Имам идеја или најдов грешка во изговорот
Тоа ни е најкорисната пошта. [email protected] — кажете буква/збор и што слушате.